• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 65.000 A: 146 раб.ден B: 72 % Европска агенција за реконструкција, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за здравство, Царинска управа CARDS 01.4.2006 - 01.6.2006 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

АРХИТЕКТОНСКИ ПЛАНОВИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ГРАНИЧНА ИНСПЕКЦИЈА (СГИ) / ВЕТЕРИНАРНИ И ФИТОСАНИТАРНИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општата цел е подобрување на фитосанитарната и ветеринарната гранична контрола.

Специфични цели

Комплетирање на архитектонски планови (технички спецификации) за реновирање на 7 СГИ/ фитосанитарна и ветеринарна гранична контрола (патни гранични премини на Блаце, Табановце и Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид). Реновираните објекти треба да ги исполнуваат стандардите на ЕУ кои се однесуваат на фитосанитарна и ветеринарна контрола.

Проектот има за цел да го зајакне оперативниот капацитет за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничните премини. Оваа компонента од програмата е фокусирана на 7 гранични премини кои во Националната стратегија за гранично управување се посочени како премини кои во иднина треба да имаат оперативни ветеринарни и фитосанитарни контроли (патни ГП на Блаце, Табановце и Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид). По поставувањето приоритети на активностите кои се однесуваат на различни ГП, ќе се започне со делот од програмата кој се однесува на изградба и/или обновување на идентификуваните локации. Овие активности ќе бидат придружени со набавка на потребната опрема.

 

ВИД НА УСЛУГА

Тим од 5 локални експерти (Архитект, експерт за водовод и канализација, експерт за греење, вентилација и климатизација, електро инжинер, ИТ експерт) подготвија детални планови за станици на гранична инспекција.

  1. Анализа на јавниот и приватниот имот опфатен со проектот вклучувајќи и решенија за можните проблеми.
  2. Проектни задачи за надзор на договорот за услуги прилагоден на временските термини и барањата содржани во тендерската документација за изведба.
  3. Обезбедување на сите неопходни документи за тендерот за изведба:
  • Извештај кој се однесува на владините процедури за дозволи за градба
  • Извештај за експропријација на земјиште
  • Програма за изведба
  • Технички извештај
  • Општи и посебни спецификации на објекти погодни за вршење на инспекција
  • Предмер пресметка
  • Детални нацрти (на македонски и англиски јазик ):
  1. Генерален проект (1:200)
  2. Архитектонски планови на сите нивоа, напречен профил, висина и специфични детали на објектите (1:50)
  3. Шеми и детали за санитарија и опрема наменета за инспекција
  4. Шеми и детали за машински, електрични и противпожарни системи, како и ИТ мрежа