• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 100.000 2 Европска агенција за реконструкција, Министерство за локална самоуправа, Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) CARDS 01.5.2006 - 01.7.2006 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ ЗА РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – СЕКТОР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Главна цел е продолжување на поддршката од ЕК/ЕАР во процесот на децентрализација и подобрување на локалната самоуправа преку проекти на централно и локално ниво.

Специфични цели

Специфична цела на оваа задача е изработка на три проектни задачи и за КАРДС 2006 годишните програми за локалната самоуправа, базирани на веќе изработени анализи и тековни програми во секторот, земајќи ја предвид  насоката во која се движи процесот на децентрализација.

 

ВИД НА УСЛУГА

Резултати:

Проектни задачи за проекти за техничка помош и поставување основа за технички спецификации за еден договор за набавка.

1. Еден договор за услуги за Техничка помош за зајакнување на имплементацијата на процесот на децентрализација

  • Поддршка на координацијата со други донатори – реализација на повеќегодишната стратегија за обука и годишните програми за обука на општинската администрација – фокус на потребите за надградба на познавањата и капацитетите за долгорочно стратешко планирање, раководење според функционалноста и ресурсите.
  • Продолжување на поддршката за Министерството за локална самоуправа на политичко и оперативно ниво.
  • Поттикнување на капацитетот на МЛС за давање техничка поддршка на локалните власти.
  • Техничка помош на ЗЕЛС за ефективно учество во сите релевантни процеси на децентрализација.
  • Зајакнување на соработката помеѓу Владата и ЗЕЛС.

2. Еден договор за услуги за Техничка помош за подобрување на системот на локална самоуправа

  • Зајакнување на капацитетите на општинско ниво за развој и управување со стратешки планови кои го поттикнуваат долгорочниот економски развој на локално ниво.
  • Имплементација на политики на работење за промоција на развојот.
  • Воспоставени Граѓански услужни центри на општинско ниво со сите административни и инфраструктурни ресурси.
  • Помош за развој на капацитетите за долгорочно стратешко планирање на локално ниво и меѓуопштинска соработка
  • Активности за развој на човекови ресурси за пренос на знаењата и капацитетите во одредени области на менаџментот на локалната самоуправа (ресурси, функција и управување со финансии).

3. Поставување основа за технички спецификации за еден договор за набавка, во тесна врска со проектите за техничка помош: 

  • За да почнат со работа, Граѓанските услужни центри ќе имаат потреба од канцелариска опрема.