• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 97.784 A: 80 раб. ден B: 50 % Европска агенција за реконструкција Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство CARDS 10.10.2006 - 10.12.2006 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

СЕКТОРСКИ АНАЛИЗИ НА КЛУЧНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ: МЛЕКО; МЕСО И НИВНИ ПРОИЗВОДИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Општа цел на оваа задача е придонесување кон креирањето на ИПАРД агенција и ИПАРД план.

Специфични цели
Специфични цели на проектот се изработка на детални и опширни секторски студии за двата сектори

  • Млеко и млечни производи
  • Производство на месо и преработка на месо

ВИД НА УСЛУГА

Два локални експерти (дел од тим од четворица) беа ангажирани во давањето поддршка на двата сектори за месо и млечни производи.

Поднесени извештаи:

i) Извештај за секторите за месо и млеко и

ii) Извештај за производство и преработка на месо

iii) Финален извештај

За секој од секторите, извештаите ја имаа следната структура:

I. Потекло и клучни фактори

II. Производители и фармери (можности за развој на приватниот сектор)

III. Индустрија за преработка (можности за развој на приватниот сектор)

IV. Пазар и трговија

A. Генерално беа разгледувани нормалните продавници на пазарот во однос на расположливост со производи, потрошувачка и трговски прашања

Б. Ланец на трговија: поврзаност помеѓу примарните производители и првиот и втор чекор на преработка

В. Маркетинг трошоци
V. Владина политика за секторот

VI. Ниво на постигнување на стандардите на ЕУ особено во областите на здравство, хигиена, безбедност на храна на фармите и ниво на преработка.

VII. Минати трендови и натамошен развој во однос на структурата на секторот

VIII. Лоцирање на потребите за обука во секторот (вклучувајќи ги аспектите за промоција на трговијата)

IX. Идентификација на ниво на сектор

("SWOT"-анализа изработена  врз основа на горенаведената проценка на секторот земајќи го предвид искуството од ЕУ и конечната цел за подготовка на секторот за учество на европскиот пазар и исполнување на стандардите на ЕУ, надградба на капацитетите за да биде отпорен на притисокот од конкуренцијата)

X. Резултати

A. Анализа на ситуацијата и идентификација на најслабите врски во синџирот на производство и маркетинг 

Б. Препораки за развојна стратегија на секторот на национално и регионално ниво

В. Каде треба да се инвестира?

При анализата на секторот исто така предвид беа земени и специфичните потреби за развој на регионалниот приватен сектор