• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Албанија 120.000 A: 240 раб.ден B: 62,5 % Европска агенција за реконструкција, Министерство за финансии CARDS 01.1.2007 - 10.5.2007 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА МИНИСТЕРСТОВОТО ЗА ФИНАНСИИ НА АЛБАНИЈА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општа цел на овој проект е подобрување на Јавниот финансиски менаџмент (притоа зајакнување на ефикасноста и надзор на трошоците и намалување на корупцијата).

Специфични цели

Целта на проектот е да се подобри работата на Секторот за трезор при Министерството за финансии со подобрување на работните услови во подрачните единици и со надградување на информатичката технологија која ја имаат на располагање. 

Специфичните цели на проектот треба да дадат поддршка за трансакциите и процесот на известување преку обезбедување на:

  • Соодветна работна средина и соодветен канцелариски мебел во Подрачните единици на трезорот;
  • соодветна компјутерска опрема во Подрачните единици на трезорот за секојдневниот внесување на трошковни трансакции

 

ВИД НА УСЛУГА

Најмување на тим од 5 локални експерти (архитект, градежни инженери, експерти за водовод и канализација, експерт за греење, вентилација и климатизација, електро инженери, техничари ) за подготовка на детални проекти за реновирање на 36 регионални канцеларии (вклучително и опрема и мебел).Канцелариите се проектирани во согласност со ЕУ  и меѓународните стандарди.

Резултати:

- Детален конечен проект и проценка на трошоци, испитување на локациите, стандард на проектите и нацртите, предмер и проценка на трошоците 
Врз основа на првичните проекти за секоја област е обезбедена конечна детална техничка документација и тоа за:

  • Архитектонски/градежни и инфраструктурни работи;
  • структурни работи (доколку е потребно)
  • систем за греење;
  • хидрауличен систем;
  • електричен и ИТ систем;
  • телекомуникациски систем.
  • Деталниот финален проект се состои од следниве документи (но не е ограничен само на нив):
  • Детални нацрти и  детали од зградата и системите;
  • Општи технички спецификации на зградите и системите;
  • Посебни спецификации релевантни за зградите и нивните компоненти и типот на предложена употреба и намена;
  • Опис на работите во зградите и системите;
  • Листа на набавки и технички спецификации за мебел и опрема за ИТ и генератори без притоа да се фаворизираат или елиминираат одредени производи или економски оператори.

Конечно, доверливата проценка на трошоци содржи опис на единечни цени и меѓу суми за секоја секција на работите, како и финално чинење на работите.