• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 195.492 A: 320 раб.ден B: 32 % Европска агенција за реконструкција, Министерство за транспорт и врски и Фонд за магистрални и регионални патишта CARDS 10.10.2006 - 10.5.2007 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ФОНДОТ ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА ВО ИЗРАБОТКАТА НА ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ПАТНАТА МРЕЖА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Подобрување на социјалниот и економски развој во државата преку подобрување на транспортната инфраструктура. Изработка на портфолио за инвестиции за националните и меѓународните инвеститори и подобрување на раководните капацитети на локалните авторитети.

Специфични цели

Изработка на план за инвестиции со цел да се стимулираат инвестициите во државата во областа на патниот сектор.

 

ВИД НА УСЛУГА

Беа најмени заменик Тим лидер – градежен инженер и експерт за животна средина како дел од тим од 5 члена со цел да ги идентификуваат патиштата на кои им е потребна рехабилитација, беше направен финансиски преглед на истите и проценка на влијанието на животната средина и ризици за истата.

Фаза 1: Листа на приоритети

  • Дефинирање критериумите за изработка на план за инвестиции во патната мрежа и преглед на препораките од петгодишниот план изработен во 2006 година од SEETO, финалниот извештај од Високата група, JBIC студијата од консултантите кои работат за ФМРП и ЕБОР, вклучувајќи ја компонентата од Оценката за влијание на животната средина.
  • Преглед на други релевантни информации достапни на ФМРП и други извори (како REBIS студиите).
  • Помош на МТВ во идентификувањето на приоритетна листа на проекти за рехабилитација кои се кандидати за за финансирање од меѓународни институции.

Фаза 2: Концептуален план

  • Собирање на постојните податоци за патиштата од кратката листа со корисниците, со цел да се добијат подобри информации врз основа на кои ќе бидат изработени анализите за економски развој и влијание на животната средина.
  • Предлог за соодветни градежни зафати за рехабилитација на патиштата од кратката листа и овозможување податоци од страна на корисниците за сите патишта.
  • Изработка на концептуален план за секој од избраните патишта за да се добие проценка на трошоците.
  • Изработка на извештај за избраните патишта, во кој предложениот концептуален план е поддржан со спецификации, пресметки и нацрт планови за изработка на анализите за економски развој и влијание на животната средина.
  • Плановите го рефлектираа оштетувањето на патиштата за време на финансирањето, детален план и период на изведба.

Фаза 3: Анализа на социо-економското влијание и влијанието на животната средина

  • Изработка на анализа на економска оправданост за секој потенцијален проект за рехабилитација.
  • Нацрт извештаи за анализа за животна средина и социјална анализа треба да се поднесат во рок од седум месеци од почетокот на договорот.