• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 180.888 A: 304 раб.ден B: 70% Европска агенција за реконструкција, Министерство за транспорт и врски и Фонд за магистрални и регионални патишта CARDS 10.10.2006 - 10.5.2007 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ВО ИЗРАБОТКАТА НА НАЦРТ НАЦИОНАЛНА ТРАНСПОРТНА СТРАТЕГИЈА НА ПАТНИОТ СЕКТОР

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Подобрување на економскиот и социјален развој на земјата преку:

  • Изработка на портфолио за инвестиции во областите на транспорт и животна средина и подобрување на инвестициската клима во транспортниот сектор со приближување на институционалните договори поблизу до стандардите на ЕУ.
  • Подобрување на транспортната инфраструктура преку изработка на Национална транспортна стратегија и подобрување на раководните капацитети на националните авторитети.

Специфични цели

Да се зајакне капацитетот на Министерството за транспорт и врски преку изработка на Национална транспортна стратегија.

 

ВИД НА УСЛУГА

Резултати:

Фаза 1:

  • Почетен извештај
  • Почетен извештај кој ги содржи сите поднесоци (извештаи, стратегии, анализи)

Фаза 2:

  • Прв нацрт извештај на моменталниот статус на работите во транспортниот сектор и прв нацрт на Националната транспортна стратегија

Фаза 3:

  • Нацрт НТС

Во однос на методологијата за изработка на НТС:

Преглед на постојните методологии за нацрт Национални стратегии во патниот сектор; преглед на постојните (физибилити) студии во патниот сектор; Изработка на методологија за изработка на Национална стратегија; Изработка и воспоставување на координативна/консултативна структура според која ќе се вклучат сите клучни засегнати страни – вклучувајќи ги и меѓународните институции; Обука на персоналот за сите клучни елементи на изработената методологија.

Во однос на изработката на нацрт НТС

План и согласност околу процесот на работење; Собирање на постојните податоци; Овозможување учество на засегнатите страни; Изработка на нацрт верзија на финалниот извештај за дискусија од страна на засегнатите страни; Вметнување на сите избрани делови во нацрт финалниот извештај; Имплементирање на релевантните студии/оценки – вклучувајќи и соодветна проценка на предностите од геополитичката поставеност на земјата како дел европската мрежа на поважни транспортни коридори.

  • Вклучување на следните елементи:
  1. Стратегија за подобрување на квалитет и организација
  2. Стратегија за рехабилитација и проширување
  3. Стратегија за одржување
  4. Стратегија за контрола и подигање на свеста