• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 630.000 1 / 130 раб.ден Министерство за финансии на Република Македонија Министерство за финансии на Франција (FASEP) 10.5.2008 - 10.3.2009 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СЛУЖБИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Помош на општините и јавните комунални претпријатија во изработката и спроведувањето на општинските инфраструктурни проекти.

 

ВИД НА УСЛУГА

Компонента I: Под-проектна подготовка и слични задачи:

a) Потврдување на критериумите за проценка на суб-проектот и изборниот процес

b)Преглед на под-проектите

c) Физибилити студии за најмал број избрани суб-проекти

i)  Технички аспекти

ii) Финансиски проценки и капацитет за задолжување на општините

iii) Финансиска и економска проценка на придобивките од под-проектите

iv) Мерки за заштита на животната и социјална средина:

(1) Изработка на под-проект – планови за управување со животната средина (доколку се потребни проценки за влијанието на животната средина, тогаш се изготвуваат и детални проекти задачи за таква студија)

(2) Социјална проценка на под-проектот за одредување на потребата за стекнување на земјиште и/или пренаселување (доколку има потреба од стекнување земјиште, се изготвуваат проектни задачи)

v) Подготовка на тендерска документација за првото објавување на под-проектите.

Компонента II: Изработка на детален проект и оперативни постапки за подобрување на општинските служби

a) Институционални и организациони проценки;

b) Утврдување на финансиските договори помеѓу Владата и локалните субјекти кои учествуваат

c) Изработка на проектни оперативни постапки

i)   Институционален план за развој,

ii)  План за набавки и имплементација на проектот,

iii)  Прирачник за управување со проектот,

iv)  Прирачник и Систем за управување со проектните финансии,

v)  Изготвување на активности за надградба на капацитетите во однос на горенаведените функции.

Компонента III: Надградба на капацитети за имплементација на проектот

Обука на работното место, работилници и подготовка на материјали за обука за персоналот на општините, ЦСЕ и централната власт кои вклучуваат:

a) Давање комплетна поддршка на имплементаторите на проектот, вклучувајќи насоки и надградба на капацитетите за менаџирање на финансиските проекти на Светска банка;

b) Насоки за набавки и финансиско управување;

c) Активности за надградба на капацитетите за изработка и имплементација на под-проекти.

Компонента IV: Дефинирање на системот за мониторинг и евалуација:

a) Изработка на методологија за мониторинг и проценка на резултатите;

b) Предлог за основни податоци согласно постојните релевантни податоци.