• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 2.000 A: 20 раб.ден B: 100 % Проект за зајакнување на претприемништво, конкурентност и иновации, Агенција за промоција на претприемништво на Република Македонија Британска амбасада – Скопје 10.7.2008 - 10.8.2008 БЕЗ ПАРТНЕР

ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ ЗА ЛОКАЛЕН КРАТКОРОЧЕН ЕКСПЕРТ (ЛКЕ) ЗА ИЗРАБОТКА НА БРОШУРА ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И МРЕЖИ ВО ЕУ ЗА ПОДДРШКА НА МСП

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Цели на проектот се: развој на поволна средина за претприемништво и мали и средни претпријатија (МСП), подобрување на конкурентноста на македонските фирми на домашниот и странските пазари, поттикнување на употребата на иновативни потенцијали на претпријатијата, како и подобрување на нивното работење со подобрување на нивните функционални вештини, поддршка на локалната инфраструктура за социјална и економска кохезија. 

Локалниот краткорочен експерт (ЛКЕ) за изработка на брошура за Организации и мрежи во ЕУ за поддршка на МСП ќе дејствува согласно проектните задачи за овој проект за Компонента 3 (Зајакнување на иновации/ Активност III.3.1 Зголемување на бројот на претпријатија интегрирани во националната/меѓународна мрежа и промоција на употребата на истражување и развој).

Општа цела на задачата е подготовка на преглед за Организациите и мрежите на ЕУ за поддршка на МСП.

Специфични цели

Специфична цел на задачата е изработка на брошура направена врз основа на резултатите од извештајот за Организациите и мрежите за поддршка на МСП во земјите на ЕУ.

Корисници:

  • Директни корисници на оваа задача се:
  • Сектор за МСП (Министерство за економија)
  • АППРМ (Агенција за промоција на претприемништво на Република Македонија)
  • Регионални центри
  • Други организации за поддршка на бизниси

ВИД НА УСЛУГА

Договорниот орган ги спроведе следните активности:

  • Изготви преглед на организации  и мрежи на ЕУ за поддршка на МСП
  • Изработија брошура врз основа на изработената анализа


Резултати:

  • Со задачата се постигнаа следните резултати:
  • Преглед на организации  и мрежи на ЕУ за поддршка на МСП
  • Брошура изработена врз основа на изработената анализа