Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Македонија |
146.628 |
A: 144 раб.ден B: 59% |
Европска агенција за реконструкција |
CARDS |
10.9.2007 - 10.1.2008 |
ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ |
ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ПОДДРШКА НА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРОЦЕСОТ НА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА (МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ/КОМИСИЈА)
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Поддршка на Владата на Република Македонија во развојот и подобрувањето на политиката на работење на во областа на фискалната децентрализација.
Специфични цели
Зајакнување на капацитетите на Комисијата за работење со развојните политики на фискалната децентрализација и ефективно раководење и набљудување на втората фаза од процесот на децентрализација.
ВИД НА УСЛУГА
Следните активности беа спроведени:
- Спроведена е анализа на трансфер системот и формулите кои се користени од централната власт па до единиците на локалната самоуправа (општини);
- Спроведена е анализа на финансиската ситуација на единиците на локална самоуправа (општини);
- Прикажани се индикаторите на фискалниот капацитет на единиците на локална самоуправа во земјата (општини);
- Оформени се стандарди и критериуми за квалитет за мерење на финансискиот развој на локалната самоуправа (општини) како дополнување на критериумите на Комисијата;
- Спроведена проценка на влијанието на тримесечниот период од почетокот на втората фаза на фискална децентрализација (1 Јули – 30 Септември 2007 година);
- Дадени препораки за подобрување на трансфер системот и формулите кои се користени од централната власт до единиците на локалната самоуправа (општини);
Дадени се дефинитивни резултати/алатки кои треба да ги користи Комисијата и другите учесници во процесот на фискална децентрализација како и мониторинг на напредокот на останатите општини за влез во втората фаза од процесот на децентрализација, но и развој на механизми за подобрување на финансиската ситуација во општините.