Име на правен субјект |
Земја |
Вкупна вредност на проектот (ЕУР) |
Број на персонал |
Име на клиент |
Извор на финансирање |
Датум (почеток/ крај) |
Име на партнери доколку има |
ГПМ Консалтинг |
Република Македонија |
5.000 |
A: 40 раб.ден B: 100% |
KNAUF Радика ДООЕЛ |
KNAUF Радика ДООЕЛ |
01.3.2008 - 30.4.2008 |
БЕЗ ПАРТНЕР |
ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВ ЦАРИНСКИ ЗАКОН
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Општи цели
Главна цел е да се овозможи техничка помош за имплементација на новиот царински закон и регулативите за имплементација на царинскиот закон чија цел е забрзување на процедурите за увоз и извоз на клиентот, да се намали времето за вршење на царинските формалности и да се зголеми меѓународната трговија.
Специфични цели
Изработка на анализа, проценка на влијанието на трговијата и обука за имплементација на новиот царински закон и регулативите за имплементација на новиот царински закон особено постапките за царинско одобрување, правила за потекло и имплементација на поедноставени постапки на царинење.
ВИД НА УСЛУГА
За имплементација на проектот беа најмени два царински експерти.
Техничката помош најконкретно беше насочена кон:
(1) Анализа на новиот царински закон и регулативите за имплементација на царинскиот закон;
(2) царинско одобрување;
(3) Правила за потеклото;
(4) Поедноставени постапки на царинење и нивното влијание на увозниците, бизнисите и другите засегнати страни и
(5) Обука за поедноставените постапки на царинење.
Во однос на поедноставените постапки на царинење, во предвид беа земени следните регулативи:
- Царински закон
Акцентирани беа следните поедноставени постапки:
a) царинската декларација спомената во Член 72 од Царинскиот закон за изоставување на одредени детали наведени во Член 72 став 1 од овој закон за некои од документите наведени во став 2 и нивно отстранување; б) комерцијален или административен документ, придружен од барање за стоките да бидат предмет на царинска постапка, да бидат поднесени наместо царинската декларација спомената во Член 72 од овој закон и в) стоките ќе влезат во споменатата царинска постапка со влез во записите на носителот на овластувањето. Во овој случај, царинските власти можат да побараат од барателот да ја прикаже стоката.
- Регулативи за имплементација на царинскиот закон
Експертите ги предложија и следните можности за поедноставување:
a) употреба на комплетна гаранција или писмено откажување;
б) употреба на специјални товарни листови;
в) употреба на специјални печати;
г) исклучок од барањето за предвидена рута;
д) овластен статус на испраќачот;
ѓ) примена на поедноставени постапки за стоките: (i) превезувани со железница; (ii) превезувани преку воздушен сообраќај; (iii) превезувани преку вода; (iv) превезувани преку цевововди или електрични водови.