• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 30,500 A: 40 раб.ден B: 25 % Европска тренинг фондација, Министерство за образование и наука, Центар за средно стручно образование Европска комисија (ЕУ 01.8.2009 - 01.4.2010 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

СТРУЧНА ПОДДРШКА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА СИСТЕМСКА ЕВАЛУАЦИЈА НА ЧЕТИРИГОДИШНОТО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

За да се подготви и изведе евалуација на четиригодишна ССО програма процесот на евалуација треба да резултира со подготовка на практични и достапни инструменти за систематско повратни реакции од главните корисници на програмата. Евалуацијата е замислена како појдовна точка за академско истражување на повисоко ниво на процесот на промени кои се имаат случено во образовниот систем во текот на последните две децении и ќе претставува  инпут во магистерската теза на најмалку два члена на Центарот за ССО.

Главните директни исходи од проектот се:

  1. Да се добие подобро разбирање за социјалното и економско влијание на матурантите од стручните средни училишта, и да се утврди како истите се согледуваат на пазарот на трудот и останатите делови од образовниот систем ,
  2. Да се развијат практични и достапни инструменти за систематски повратни реакции од дипломираните ученици, вработените и универзитетите за резултатите од образовниот процес
  3. Да се изградат поголеми капацитети за истражување и евалуација  во државата за промените во образовниот систем,
  4. Преглед на постојните профили и развој на нови профили за четиригодишните средни стручни училишта,
  5. Препораки за подобра доследност во постојната законска регулатива ,

Овие исходи треба да доведат до

  1. Јакнење на функционалноста на Центарот за ССО ,
  2. Анализа и информирање за подобрување на ефективноста на спроведувањето на политиките на ССО,
  3. Учење на политиките на европско ниво врз основа на процесите, исходите, заклучоците и наодите од евалуацијата .

 

ВИД НА УСЛУГА

Правна експертиза за преглед на доследноста на постојните регулаторни документи

  • Целата релевантна документација и подзаконски акти идентификувани со поддршка на ССО Центарот
  • Сумирана клучна функција на секој документ
  • Анализа на врските меѓу различните документи, преклопувања, противречности и празнини, вклучувајќи г институционалните одговорности на разните органи
  • Препораки за начинот на кој законската регулатива или регулаторните документи можат да станат подоследни , во консултации со Министерството за Образование и Наука и ССО Центар формулирано до средината на Октомври 2009
  • Придонес во напредокот на извештајот и учество во работилницата на државно ниво

Статистичка преработка на податоци кои се релевантни за ССО со цел добивање на опсежен преглед на ССО програмите во последните години

  • Развиени евалуациони инструменти и учество на состаноци со СОО Центарот, ЕТФ и меѓународни експерти
  • Шифрирање на податоците кои се бараат во евалуационите  за да се олесни обработката на податоците
  • Развивање на база на податоци за евалуација во СПСС компатибилен формат
  • Надзор на собирањето на податоци и внесување и проверка на веродостојноста на податоците
  • Обезбедување на анализа на податоци за извештајот за напредок и финалниот извештај