• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Косово 25.690 A: 22 раб.ден B: 100% Европска комисија, Агенција за приватизација на Косово Европска комисија (ЕУ 01.2.2010 - 02.2.2010 БЕЗ ПАРТНЕР

ПРОЦЕНА НА РАБОТЕЊЕТО НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА КОСОВО (АПК)

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Целта на проектот е зајакнување на административните и менаџерски капацитети на Агенцијата за приватизација на Косово (АПК) за финализирање на приватизацијата и продолжувањето на процесот на ликвидација на јавните претпријатија (ЈП).

Специфични цели
Специфична цел на овој проект е проценка на работењето на АПК наспроти целите на приватизирање и ликвидација и мерливите индикатори како што е нагласено во Бизнис планот на АПК 2009 и шемата за доделување бонуси според перформансите. 

 

 

ВИД НА УСЛУГА

Генерално, услугите вклучуваат:

  • Обезбедување на техничка експертиза за проценка на имплементацијата на планот за бонуси базиран на извршување.

Услугите се следниве:
 
a)  Првична проценка

  • Запознавање на АПК со условите на оперативниот грант од страна на ЕКВ, особено со Анекс VIII – Опис на планот за бонуси според извршување.
  • Вршење на анализа и коментари за воведување на  планот за бонуси според извршување во договорите на вработените во АПК и неговата ефективност. 
  • Анализа на евалуацијата на човечките ресурси на АПК врз основа на извршувањето на индивидуални членови од врвниот и средниот менаџмент во определување на  целите за приватизација и ликвидација и индикаторите против    планот за бонуси според извршување.
  • Проценување на политиката на АПК за човечки ресурси во делот на стимулирање на персоналот за подобро извршување.
  • Консултација и информирање на Европската канцеларија за врски и АПК за напредокот со наодите од првичната проценка.

б)  Подготвување на Извештајот за проценка

  • Врз основа на наодите од првичната проценка, подготвување на извештај за проценка на имплементирањето во АПК на планот за бонуси според извршување и известување на ЕКВ и АПК во врска со правичната распределба на бонусите според извршувањето.
  • Комуницира и бара одобрување за нацрт документите подготвени од ЕКВ.
  • Заедно со уште еден експерт за рамковни договори  работи на проценката на АПК во поглед на евалуацијата на оперативните цели и мерливите индикатори за напредокот на приватизацијата и ликвидацијата.
  • Доставува извештај (со препораки) за проценка на имплементацијата на планот за бонуси според извршување во АПК.