• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 546.870 A: 90 MD; B: 15% Европска комисија; Биро за Метрологија ЕУ 01.10.2010 - 01.7.2012 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

 

Општи цели

Да се придонесе за слободно движење на стоките и да се зајакне трговијата со ЕУ преку подобрување на метеоролошката инфраструктура во Р. Македонија.

Специфични цели

Зајакнување на капацитетот на Бирото за метрологија во:
- пренесувањето и имплементацијата на хармонизираното законодавство во областа на метрологијата 
- обезбедувањето на висококвалитетни услуги наменети за  бизнис заедницата, потрошувачите и граѓаните и телата за оценка на сообразноста 
- исполнувањето на условите за полноправно членство во EURAMET

Како резултат на проектот :

  • БМ треба да развие стратешки насоки за општ развој на метеоролошката инфраструктура во земјата и нејзиниот сопствен развој; 
  • БМ треба да има подобрена соработка со релевантните засегнати страни;
  • Треба да има понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во делот на метрологијата 
    БМ треба да развие човечки и институционален капацитет  за имплементација на усогласеното законодавство во делот на пакувањето и мерењето на садови; 
  • БМ треба да развие човечки и институционален капацитет за да стане Централно акредитивно тело за мерни инструменти опфатени со директивите за механички мерила и мерни инструменти следејќи ги притоа потребите на локалните производители
  • Прирачникот за квалитет на БМ и општите оперативни постапки за бројни услуги во областа на законската метрологија треба да бидат усогласени со ISO/IEC 17020
  • Персоналот во лабораториите на БМ треба да биде обучен за обезбедување на висококвалитетни услуги за калибрација со помош на опремата која ја има на располагање
  • БМ треба целосно да го има имплементирано и заемно оценето Системот за управување со квалитет во согласност со ISO/IEC 17025
  • Персоналот на БМ треба да има капацитет за презентирање на Системот за управување со квалитет и поднесување сертификати за калибрирање на разгледување до EURAMET
  • Персоналот на БМ треба во целост да ги разбира насоките од EURAMET и барањата и процедурите на CIPM MRA.

 

ВИД НА УСЛУГА

Во текот на првата половина од периодот за имплементација ќе биде направена анализа на потребите,  ќе бидат изготвени и прегледани законите, ќе биде спроведена општата  обука и ќе се започне со специјализирана обука. БМ ќе биде подготвено за обезбедување на услуги со употреба на  новата опрема добиена во рамките на проектот BERIS . Ќе се започне со подготовките за спроведување на билатерални интер-лабораториски компарации помеѓу лабораториите за калибрација на  БМ и Националните метеоролошки институти од ЕУ. Системот за управување со квалитет според ISO/IEC 17025 ќе биде целосно имплементиран.

Во втората половина на период за имплементација ќе биде завршена специјализираната обука и ќе бидат изготвени различни работни постапки. Системот за управување со квалитет  според ISO/IEC 17025 ќе биде соодветно оценет во поглед на неговото претставување пред Техничката комисија за квалитет на EURAMET. Ќе се започне со интегрирање на ISO/IEC 17020 во системот за квалитет на БМ и подготовките за воведување на тело за оценка на сообразноста во одредени области на директивите за механички мерила и мерни инструменти. Ќе бидат спроведени билатерални  интер-лабораториски компарации со Националните метеоролошки институти од ЕУ а исто така ќе бидат развиени и сертификати за калибрирање. На крајот од  период за имплементација ќе бидат елаборирани стратешки насоки за националната метеоролошка инфраструктура.