• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија N/A 1 Европска Комисија ЕУ 01.11.2010 - 01.10.2012 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

РЕВИЗИЈА НА ПОСТОЈНИОТ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (2007 - 2013) И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕВИДИРАНИОТ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА КОМУНИКАЦИИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели
Општа цел на проектот е да се постигне ефективна комуникација на Оперативната Програма за Развој на Човечки Ресурси 2007 – 2013 со цел да се зголеми свеста на јавноста во однос на финансиската помош на ЕУ на полето на развојот на човечките ресурси 

Специфични цели
Ревизија/ ажурирање на акциониот план за комуникации за ОПРЧР 2007 – 2013 кој ќе ги опфати активностите поврзани со публицитет/присутност во медиумите и информации за ОПРЧР;
Имплементација на Деталниот план на комуникациски активности на ефективен и ефикасен начин;
Поддршка за оперативната структура  во поглед на публицитет / присутност во медиумите и комуникација 

 

ВИД НА УСЛУГА

Компонента 1: Ревизија / Ажурирање на постојниот Акционен план за комуникации на Оперативната програма за развој на човечки ресурси (2007 - 2013)

Во рамките на компонента 1 договорната страна ќе изврши:

  • Преглед на постојниот Акционен План за комуникации
  • Преглед / ажурирање на содржината а постојниот Акционен План за комуникации  подготвен од Оперативната структура за развој на човечки ресурси

Ревизијата меѓу другото ќе вклучи  и подобрување  на целокупниот документ (методологија, предложени  јавни активности, временски распоред и др.).

  • Развој  на  детален план за Комуникациски активности

Овој детален акционен план помеѓу другото ќе вклучи:  задачи, детална временска рамка  на  имплементација,  преглед на ресурсите ставени на располагање, резултати, мониторинг индикатори за  евалуација на  Комуникацискиот акционен план и др. 

Компонента 2: Имплементација  на деталниот  план  за  комуникациски  активности 
Во рамките на  компонентата  2,  договорната  страна  ќе  ја подржи  Оперативната  структура  за  развој на  човечките  ресурси  во  имплементацијата  на  Детален  план  за  комуникации    во  Компонентата 1.  Ќе  ги  вклучи  следниве услуги:

  • Креирање, тестирање, инсталирање  и  конфигурација   на  интернет  страна  за  ОПРЧР
  • Практична  обука  за  администрацијата  и  интегрирање  на  содржината  во склоп на работните структури
  • Креирање  визуелен  идентитет на  ОПРЧР
  • Креирање / Развој  и десеминација  на  комуникациските  алатки
  • Други  комуникациски услуги  и/или  поврзани услуги