• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 426.635 3 Македонски Железници ЕБОР 01.2.2011 - 01.2.2014 ДОСТАПНО НА БАРАЊЕ

КОРИДОР X: КОНСУЛТАНТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И НАДЗОР

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Консултантите беа најмени за да работат во Единицата за имплементација на проектот со следните цели:

  1. да ги ревидираат/одобрат деталните проекти и спецификации како и релевантната тендерска документација за релевантните компоненти од проектот;
  2. да обезбедат поддршка за ЕИП при работата околу тендерот, што меѓудругото ќе вклучува: објавување на тендери, јавно отворање на тендери, евалуација на тендерот преку учествување во комисија за евалуација, дискутирање за договорот, потпишување и администрација;
  3. да обезбеди поддршка при надзорот на работите и подготовката на извештаите за напредок;
  4. да обезбеди формална програма и програма за обука на работното место за постапките за администрација на договори според FIDIC моделот на договори (што би требало да вклучува евалуација на барањата на изведувачот и постапки за промени во договорот).

 

ВИД НА УСЛУГА

Изготвување на тендерска документација со вклопување на FIDIC  Услови за склучување на договори за изградба за градителски и инженерски работи проектирани од работодавачот со обезбедување на сигурност дека тендерската документација ќе ги вклучува специфичните барања на ЕБОР согласно со Стандардната тендерска документација за набавка на работи со вклучено упатство од ЕБОР, Дел 2, Точка VI, Спецификации и Дел 3, Точка  VIII, Посебни услови на договорот, 6 Персонал и труд, како и да обезбедат сигурност дека тендерската документација е соодветна за објавување и дека потполно ги исполнува барањата во однос на Правилата и политиките за набавки на банката (мај 2009 г.): за време на процесот на подготовка на тендер организирање на состаноци и посети на терен за поднесувачите на тендери, изготвување на записници од овие состаноци, подготвување на нацрт-одговори на прашања поставени од кандидатите на тендерот и изготтвување на адендум известувања во однос на тендерот и обезбедување поддршка за ARS за да ги достави до сите кандидати на тендерот; Евалузација на тендерите во сите делови и подготовка на нацрт-извештај од евалуацијата на тендерот за секој тендер (врз основа на Стандарден извештај од евалуацја на тендер на ЕБОР); Одржување на состаноци пред доделувањето и  состаноци за разјаснување со кандидатите за сите договори; Подготовка на документите за договорите за сите делови.
 
-      Помош при надзор на градењето

Од Консултантот се бара да помогне и да понуди совети при администрацијата на договорите за градежни работи согласно со FIDIC Услови за склучување на договори за изградба за градителски и инженерски работи проектирани од (1999). Задачите на експертскиот тим меѓудругото ќе вклучуваат:

  • уверување дека се поднесени осигурителните полиси на Изведувачите и обезбедување на општи совети за овие полиси, во однос на барањата во Договорот.
  • ревидирање и усогласување со работодавачот на програмата за работа на изведувачот, а потоа следење на напредувањето на градењето согласно со барањата од договорот.;
  • извршување на проверки на изведувањето на работите од страна на Изведувачот и проверки дали работите се извршуваат во согласност со одобрените детали во проектот;
  • следење на лабораториските тестови извршени од Изведувачот и вршење на независни лабораториски тестови, доколку е потребно;
  • проверка и одобрување на работните цртежи на Изведувачот и цртежите по изведбата;
    издавање на упатства на терен, промени во договорот, налози за провизорни суми и налози за дневници, каде што е соодветно;
  • извршување на редовни проценки за трошоците до завршувањето и времето до завршувањето на Договорот;
  • изготвување на месечни извештаи за напредок за секој договор, во форма којашто е усогласена со работодавачот и ЕБОР кои ќе се поднесуваат во рок од 10 дена пред крајот на месецот на којшто се однесуваат;
  • чување на целосна, трајна и детална архива од терен којашто ќе ја вклучува коресподенцијата, податоци од анкети, податоци за прифаќање на квалитет, дневници од терен, мерења и сертификати, записници од состаноци и документи за сите релевантни работи поврзани со договорот;
  • администрација на завршувањето на договорите, што ги вклучува сите активности поврзани со Сертификатите за преземање