• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Лесото 30.000 ЕУР 2 Управа за јавни приходи на Лесото Министерство за трговија и индустрија на Лесото 01.11.2018 - 31.5.2019 Нема

Општа цел
Задачата има за цел е да се дизајнира и имплементира национален механизам за управување и следење на тарифни квоти кој во иднина може да се поврзе со предвидениот механизам за управување со тарифни квоти, предвиден со SACU.

Цел
Целта на овој договор е консултантот да дизајнира и имплементира национален механизам за управување и следење на  тарифни квоти и да препорача опции и импликации за Лесото за тоа како таков механизам може да ги поддржи операциите на предвидениот механизам за управување со  тарифни квоти , предвиден со SACU.

Работејќи заедно со проектниот тим и во консултација со релевантните национални и регионални засегнати страни, како што е соодветно, консултантот ги презеде следниве задачи:
• Развој на специфична работна програма
• Анализа на тековното национално законодавство и меѓународните обврски кои би можеле да влијаат на системот за управување со тарифни квоти со цел да дадат соодветни препораки
• Ре-инженеринг на деловните процеси
o Анализа на тековните процеси на проток на информации помеѓу сите национални засегнати страни
o Дизајнирање на процеси за проток на информации помеѓу сите национални учесници
• Идентификација на инфраструктурни барања и трошоци за спроведување на процесите на проток на информации
• Препорака кое тело ќе го поседува системот за управување и следење на тарифни квоти
• Дизајнирање и следење на спроведувањето на процесите и инфраструктурата
• Дефинирање и документирање на улогата на секој учесник
• Обука на идентификуваните службеници од засегнатите институции
• Едукација на приватниот сектор за новиот механизам за управување со тарифни квоти
• Документирање и презентација на сите препораки пред релевантните проектни структури со цел нивно одобрување