• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Членки на CEFTA 75.000 A : 50 раб ден Б :1 Секретаријат на CEFTA Evoluxer (Шпанија) 01.12.2016 - 31.12.2017 НЕМА

УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТОРНАТА СОРАБОТКА ВО CEFTA

Детален опис на проект

Глобалната цел на проектот е промовирање на регионална соработка помеѓу регулаторните тела, владините агенции и професионалните здруженија задолжени за трговијата со услуги.
Специфичната цел на овој проект се состои во давање поддршка на под - комитетот на CEFTA за Трговија со услуги со цел полесна имплементација на обврските утврдени со Членовите 26-29 на CEFTA 2006, која треба да се направи преку идентификување на статусот на регионалната соработка помеѓу регулаторните тела, владините агенции и професионалните здруженија задолжени за трговијата со услуги, како и дефинирање на можните форми на меѓусебна соработка.

Вид на услуга

На првиот состанок за проектот, Секретаријатот на CEFTA ги презентираше неговите активности и активностите на членките на CEFTA во областите релевантни за проектот.
Консултантот ги идентификуваше регулаторните тела задолжени за трговијата со услуги во секоја од членките на CEFTA. Исто така, Консултантот ги нотираше тековните регулаторни реформски процеси во услужните сектори и улогата на регулаторните тела во овие процеси, а воедно ги идентификуваше и формите на соработка помеѓу регулаторните тела.
Активностите кои следеа се однесуваа на анализата на потенцијалот за зајакнување на соработката помеѓу регулаторните тела во регионот, земајќи ги притоа во предвид постојните форми на соработка, интересот на давателите на услуги и владата за зајакнување на соработката преку уредување на нови сектори или зајакнување на постоечките со цел да се продлабочи регионалната трговија со услуги. Анализата ќе биде поткрепена со достапни статистички податоци. Исто така, Студијата треба да ги идентификува услужните сектори и најсоодветните форми на соработка на краток/среден рок, имајќи ги во предвид предизвиците со кои се соочуваат на релевантните тела за комплетирање на задачата. Покрај ова, Консултантот, врз основа на резултатите од анализата и заедничката цел за зголемување на регионалната трговија преку совладување на моменталните препреки има за задача да предложи конкретни форми на соработка помеѓу регулаторните тела задолжени за трговијата со услуги во избрани услужни сектори. Членките на CEFTA одбраа услужни сектори од заеднички интерес по што Консултантот подготви предлог за потенцијалните форми на соработка во тие сектори.
Следна задача на Консултантот е изработка на предлог за техничка помош на под - комитетот на CEFTA за Трговија со услуги а во врска со потенцијалната регионална соработка помеѓу регулаторните тела, обезбедувајќи притоа едноставна имплементација на препораките утврдени во претходната фаза.