• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Членки на CEFTA 55.000 A : / , Б :2 Секретаријат на CEFTA Evoluxer (Шпанија) 01.9.2017 - 31.12.2018 НЕМА

СТАТУС НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЕДБИТЕ ОД CEFTA КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВЛАДИНИТЕ НАБАВКИ

Детален опис на проект

Глобална цел:
Глобалната цел на проектот, чиј составен дел ќе биде овој договор е да им помогне на членките на CEFTA да го разгледаат:
- статусот на имплементација на одредбите од Договорот за CEFTA кои се однесуваат на Владини набавки на добра, работи, и услуги (Членовите 34-36 вклучително и Членовите 26-29 за услуги);
- напредокот во отворањето на нивните пазари на Владини набавки.
Цел:
Целта на овој договор е зајакнување на напорите на членките на CEFTA за:
- да осигури транспарентно и правично спроведување на Владините набавки;
- еднаков третман на добавувачите од другите членки;
- набавките да се базираат на принципот на отворена и ефективна конкуренција;
- прогресивно и ефективно отворање на пазарот на Владини набавки.

Вид на услуга

Од проектот ќе произлезат аутпути и резултати кои ќе им помогнат на Членките на CEFTA во неколку задачи.Се очекува Консултантот да се фокусира на анализа на правната и институционалната рамка за процесот на набавки вклучувајќи го и нивното спроведување во секоја од членките на CEFTA, а во согласност со релевантните одредби на CEFTA , правилата на СТО и главните принципи и стандарди на EU Acquis, вклучително и капацитетите на регулаторните тела и телата за надгледување на Владините набавки. Анализата треба да му помогне на консултантот да обезбеди препораки за целосна имплементација на соодветните одредби од CEFTA, приближување на правилата на СТО и ЕУ регулативите, имајќи го притоа во предвид интегритетот на системот на јавни набавки, јавниот отчет на институциите, слободниот пристап до информации и системот на поддршка. За оваа цел консултантот ќе оствари средби со претставниците на релевантните институции и притоа ќе обезбеди подетални информации за секоја Членка. Врз основа на достапните податоци, консултантот ќе изготви препораки за унапредување на обврските кои произлегуваат од одредбите од CEFTA за Владините набавки а со цел мониторинг на имплементацијата и спроведувањето на соодветните одредби. Исто така, консултантот треба адекватно да ги третира постоечките билатерални и/или регионални прашања во членките на CEFTA, особено недискриминацијата и да даде предлози за нивно решавање. Покрај ова, консултантот ќе треба да направи анализа на потенцијалот за зајакнување на соработката помеѓу регулаторните тела и телата за надгледување на Владините набавки во регионот и да даде предлози за конкретни форми на соработка, притоа земајќи ги во предвид постоечите форми на соработка во регионот помеѓу регулаторните тела и телата за надгледување на Владините набавки. Консултантот треба да подготви предлози за техничка помош на Комитетот на CEFTA за контактни точки, регулаторните тела и телата за надгледување на Владините набавки во регионот а со цел промовирање на нивните активности и соработка.