• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Република Македонија 3.000 EUR 1 Агенција за подршка на претприемништвото Влада на Австрија 01.10.2010 - 31.12.2011 Нема

ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ЗНАЕЊЕ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Да се зајакне економскиот развој на Македонија преку промоција на претприемачко учење –економија базирана на иновации и знаење и да се придонесе за намалување на стапката на невработеност во земјата.

Очекувани резултати

  • Зголемен капацитет на Агенција за подршка на претприемништвото на Република Македонија(АППРМ), Одделот за мали и средни претријатија(во рамките на Министерството за економија) и регионалните центри е доволно за да се справат со потребите на МСП(мали и средни претпријатија).
  • Претприемачки програми за подршка на МСП да се подготвени и спроведени во земјата.
  • Основаниот Национален центар за поддршка на претприемачкото учење(НЦППУ) како независно правно лице е водечка институција за зголемување на знаењето на студентите, универзитетските професори, истражувачите, провесори во средните училишта и на скоро дипломирани за претприемништво и обезбедување на обука за претприемништво.
  • Пораст на вработеноста на млади високо образовани луѓе ( врз основа на компаративна анализа на студенти кои имаат поминато обуки на УКИМ-БСЦ обуки преку систем на практиканство)

 

ВИД НА УСЛУГА

Една од проектните активности беше да се изготви Национална Годишна Програма за МСП за Република Македонија за Агенција за подршка на претприемништвото и Министерството за економија. Задачата мора да биде извршена од страна на спроведено канцелариско истражување, организирање на интервјуа со релевантни акционери(Министерство, Агенција, Регионален центар за подршка на претприемништвото, економска комора, итн)

Откако сите информации се собрани консултантот требада изготви нова Програма за МСП за 2011 и 2012 за државата вклучувајќи и активности за Министерството и Агенцијта. На крај мора да се добие одобрение од релевантни акционери.