ГПМ КОНСАЛТИНГ ПОТПИША ДОГОВОР СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРГОВИЈА И ИНДУСТРИЈА НА ЛЕСОТО ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РАЗВОЈ НА ДЕТАЛЕН МЕХАНИЗАМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРАВИЛА ЗА ПОТЕКЛО“
ГПМ Консалтинг потпиша договор со Министерството за Трговија и индустрија на Лесото за имплементација на проектот „Развој на детален механизам за управување со правила за потекло” во времетраење од 7 месеци.
Целта на овој проект е да се изготват насоки за подобри администрација на правилата за потекло со цел усогласување со обврските на трговските режими, а во исто време да се овозможат оптимални придобивки трговските режими за извозниците.
Нашиот експерт и Проектен директор учествуваа на првичниот состанок во Управата за јавни приходи и ги усогласија деталите околу постапката на имплементација.