• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ВО СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДЕН ПАРТНЕР ЌЕ ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „Квалитет на храната и учеството на фармерите во модерните системи на снабдување во регионот на Западен Балкан“


ГПМ Консалтинг во партнерство со меѓународна консултантска фирма ќе го имплементира проектот „Квалитет на храната и учеството на фармерите во модерните системи на снабдување во регионот на Западен Балкан (Квалитет на храна - ЗБ) “.  Истиот се очекува да трае 11 месеци.

Целта е да се спроведе анкета помеѓу фармерите во земјите на Западен Балкан за добивање податоци кои ќе помогнат во анализирање на факторите кои влијаат на учеството на фармерите во модерните системи на снабдување и спогодбите кои се склучуваат помеѓу фармерите и обработувачите/ малопродажните трговци за да се обезбеди квалитет на храната според потребите на пазарот. Клиентот треба да добие индивидуални необработени податоци за техничките, економските и социјалните параметри на индивидуалните анкетирани фарми како и анализа на собраните податоци.