• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ВО СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДЕН ПАРТНЕР ЌЕ ЗЕМЕ УЧЕСТВО ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ– CPF III 2016-11/UE-DV/16-128 „УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТОРНАТА СОРАБОТКА ВО CEFTA“

ГПМ Консалтинг ќе биде вклучен во имплементацијата на проектот на CEFTA - CPF III 2016-11/UE-DV/16-128” Унапредување на регулаторната соработка во CEFTA“ со својот Тим Лидер кој е дел од меѓународен тим на консултанти. Проектот започна со имплементација на 8 февруари 2017 година со првиот состанок одржан во седиштето на  CEFTA во Брисел. Времетраењето на проектот е до 15 декември 2017 година.

Целта на задачата е да се обезбеди асистенција на под - комитетот на CEFTA за Трговија со услуги во унапредувањето на регионалната соработка помеѓу регулаторните тела, владини агенции и професионални здруженија задолжени за услугите.