• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ВО СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДЕН ПАРТНЕР, ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ИМПЛЕЕНТАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА JASPERS ЛОТ 2 – РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА JASPERS ХРВАТСКА – ПОДДРШКА ПРИ ИЗРАБОТКА НА СТАНДАРДНИ ТЕНДЕРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА СЕКТОРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (ОТПАД) ПРЕКУ ДАВАЊЕ НА ПРАВНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ТИМОТ НА МЕЃУНАРОДНИ КОНСУЛТАНТИ

ГПМ Консалтинг ќе се вклучи во имплементацијата на проектот за заштита на животната средина JASPERS лот 2 – Рамковен договор за техничка помош на JASPERS  Хрватска – Поддршка при изработка на стандардни тендерски документи за секторот за заштита на животната средина (отпад) преку свој експерт во тимот на меѓународни консултанти.

Целта на оваа соработка е понатамошен развој и подобрување на Хрватската инфраструктура за управување со отпад во согласност со политиките за заштита на животната средина на ЕУ.

Целите на оваа задача се:

  1. Изработка на Волумен I и III обрасци за тендерска документација за Задачи и соодветни обрасци за тендерска документација,
  2. Обрасци за сите Услуги за надзор на градилиште за употреба во Хрватскиот сектор за отпад,
  3. Изработка на соодветни упатства и материјали за обука,
  4. Организирање работилници,
  5. Работилница за „други“ договори за имплементација на проекти
  6. Дефинирање на стандарди за проекти за отпад
  7. Обезбедување на обрасци за EPEEF за извештаи за усогласеност со Директивите за отпад на ЕУ.

Конкретните задачи што треба да се спроведат од страна на Изведувачот за да се исполнат целите на Задачата се детално објаснети во Прилог 1 од Проектната задача. Накратко, обврските на Изведувачот се:

  1. Развој на методологии и упатства за дефинирање на процесот на избор и на критериумите за доделување на проекти од областа на отпад, во согласност со Хрватското национално законодавство, Директивите на ЕУ за јавни набавки интерпретацијата на Европскиот суд на правдата за случаеви релевантни за оваа Задача;
  2. Изработка на мрежи за евалуација засновани на бинарни (Да/Не) критериуми;
  3. Идентификација на материјали и стандарди за изведба за Волумен III од обрасците за тендерска документација за употреба во проектите од областа на отпадот;
  4. Идентификација на мерни системи и стандарди за Волумен III  од обрасците за тендерска документација во работните договори  од ЦРВЕНА  и  ЖОЛТА КНИГА FIDIC;
  5. Развој на обрасци за документи за договори за техничка поддршка за надзор на градежни работи за употреба во проектите од областа отпадот.