• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ВО СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДЕН ПАРТНЕР, ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА JASPERS ЛОТ 1 – РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА JASPERS ХРВАТСКА – ПОДДРШКА ПРИ ИЗРАБОТКА НА СТАНДАРДНИ ТЕНДЕРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА СЕКТОРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (ВОДА И ОТПАДНИ ВОДИ) ПРЕКУ ДАВАЊЕ НА ПРАВНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ТИМОТ НА МЕЃУНАРОДНИ КОНСУЛТАНТИ

ГПМ Консалтинг ќе се вклучи во имплементацијата на проектот за заштита на животната средина JASPERS лот 1 – Рамковен договор за техничка помош на JASPERS  Хрватска – Поддршка при изработка на стандардни тендерски документи за секторот за заштита на животната средина (вода и отпадни води) преку свој експерт во тимот на меѓународни консултанти.
 
Целта на овој проект е понатамошен развој и подобрување на Хрватската инфраструктура за вода и отпадни води во согласност со политиките за заштита на животната средина на ЕУ. 
Главните корисници на проектот се: 
А) Hrvatske Vode; 
Б) CODEF и Министерството за заштита на животната средина и
В) Крајните корисници (комунални претпријатија) кои ги задржуваат придобивките

Целите на оваа задача се:
1.Изработка на Волумен I и III обрасци за тендерска документација за Задачи и соодветни обрасци за тендерска документација за Услуги за надзор на градилиште за употреба во Хрватскиот воден сектор,
2.Изработка на соодветни упатства и
3.Организирање работилници.

Конкретните задачи што треба да се спроведат од страна на Изведувачот за да се исполнат целите на Задачата се детално објаснети во Прилог 2 од Проектната задача. Накратко, обврските на Изведувачот се:

1.Развој на методологии и упатства за дефинирање на процесот на избор и на критериумите за доделување на проекти од областа на вода и отпадни води во согласност со Хрватското национално законодавство, Директивите на ЕУ за јавни набавки интерпретацијата на Европскиот суд на правдата за случаеви релевантни за оваа Задача;
2.Изработка на мрежи за евалуација засновани на бинарни (Да/Не) критериуми;
3.Идентификација на стандарди за материјали и изведба за Волумен III од обрасците за тендерска документација за употреба во проектите од областа на вода и отпадни води; 
4.Идентификација на мерни системи и стандарди за Волумен III  од обрасците за тендерска документација во работните договори  ЦРВЕНА  и  ЖОЛТА КНИГА FIDIC;
5.Развој на обрасци за документи за договори за техничка поддршка за надзор на градежни работи за употреба во проектите од областа на вода и отпадни води; 
6.Организирање и имплементирање на работилници за секој индивидуален аутпут со цел дискусија на модификациите и измените за да се добие финален производ; 
7.Разгледување и реиздавање на аутпути во согласност со резултатите од работилниците.

Проектот ќе се имплементира во Загреб (Хрватска) во периодот од 3 декември 2012 до 15 април 2013 година.