• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ УСПЕШНО ГО ИМПЛЕМЕНТИРАШЕ ПРОЕКТОТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ „ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА“.

Завршната конференција која се одржи на 27.09.2012 го одбележи успешното завршување на проектот финансиран од ЕУ  „Техничка помош за градење на капацитетите на Бирото за метрологија“. Достигнувањата на проектот беа презентирани од  г. Аиво ОРАВ - Амбасадор на Делегацијата на ЕУ,  г. Валон Сараќини – министер за економија, г. Димитар Парнарџиев – директор на Бирото за метрологија, г. Роберто Периси – тим лидер на проектот и г-ѓа Бети Вуковојац – претставник на Бирото за метрологија.   
Главната цел на проектот беше да придонесе кон слободното движење на стоките и да ја зајакне трговијата со ЕУ преку подобрување на метролошката инфраструктура во Македонија. За време на двегодишната имплементација, постигнати беа следните резултати: Компонента 1: Стратешки развој на метролошката инфраструктура и подигање на јавната свест; Компонента 2: Градење на капацитетите во областа на законската метрологија; Компонента 3: Градење на капацитетите во областа на научната и индустриска метрологија.