• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ГПМ КОНСАЛТИНГ ЌЕ ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ДОГОВОРОТ ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ СО ЈП „МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ – ИНФРАСТРУКТУРА“ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА НА КОРИДОР 10: КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА ПРОЕКТОТ

ГПМ Консалтинг ќе го имплементира договорот за консултантски услуги со ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ за реконструкција на железничката линија на Коридор 10: Консултантски услуги за спроведување и надзор на проектот

На 23 февруари 2011 година, во соработка со високо профилиран меѓународен партнер, на ГПМ Консалтинг му беше доделен нов договор за обезбедување на консултантски услуги на Јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ (ЈП - МЖ). Имплементацијата на проектот вклучува реконструкција на три делници од железничката линија, по должината на Коридорот 10: Табановци – Куманово, Миравци –  Смоквица и Ногаевци – Градско – Kукуричани – Криволак – Неготино, во  вкупна должина од 52,5 километри. Временската рамка за имплементација на договорот е 36 месеци (февруари 2011 година - февруари 2014 година). Проектот е финансиран со заем од ЕБОР до Владата на Република Македонија, застапувана од Министерството за финансии.

Ангажираниот консултант и персоналот, коишто ќе работат во Единицата за имплементација на проектот, треба да им ги обезбедат следниве услуги на ЈП - МЖ:

  • увид  / одобрување на основниот проект и спецификациите, како и изготвување на релевантната документација за тендер за соодветните компоненти од проектот;
  • да и помогнат на Единицата за имплементација на проектот во постапката за изготвување на тендерската документација, вклучувајќи ги (но не и ограничувајќи се на) следниве активности: објавување тендери, состаноци / теренска посета со потенцијалните понудувачи, објаснувања за понудувачите, јавно отворање на понудите, евалуација на тендерот преку учество во комисии за евалуација, дискусија за договорот, потпишување и администрација;
  • да му обезбеди помош на тимот за надзор на работите и во подготовката на извештаи за напредокот.
  • да се обезбедат сеопфатни обуки, во текот на спроведување на проектот, за администрирање и водење проекти во согласност со ФИДИК-препораките (вклучувајќи ги постапките при доставени барања на изведувачот и потребата од вршење измени и дополнувања на предвидените количини и работни задачи).