• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ИПА – УСВОЈУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА, А ОСОБЕНО ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ПАЗАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРОЕКТ ДОДЕЛЕН НА МЕЃУНАРОДЕН КОНЗОРЦИУМ СО ГПМ КОНСАЛТИНГ КАКО ПАРТНЕР

Проектот МК - Скопје: „ИПА – усвојување и примена на европското законодавство за ЗЗП, а особено основање на ЗПО“ беше доделен на високо реномиран меѓународен конзорциум со ГПМ Консалтинг како партнер. Целта на овој договор е да обезбеди техничка поддршка за МЗШВ и АФПЗРР за да се зајакнат националните и регионалните способности коишто се потребни за справување со усогласувањето на реформите од ЕУ и реформите ориентирани кон пазарот  како и развојот во секторот. Овој проект се фокусира на усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство за ЗЗП, поврзано со ЗПО, и особено спроведување на усвоеното законодавство, преку основање на неопходни системи за собирање на информации и за известување, како и зајакнување на сите релевантни институции со цел соодветно креирање, спроведување, контрола, следење и проценка на влијанието на политиките на ЗПО. Времетраење на проектот: 12 месеци. Вредност на договорот: 638.660 евра