• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Јадрото на ГПМ Консалтинг  се состои од високо квалификувани  консултанти и инструктори, на коешто се надоврзува мрежа од меѓународни партнерства распространета низ целиот свет. Компанијата располага со богата база на податоци којашто ѝ овозможува да креира тимови од квалификувани, искусни и професионални технички експерти, соодветни на специфичните потреби на клиентите, како и капацитет да оформува конзорциуми кога се работи за пообемни проекти.

Со оглед на тоа што работиме во повеќе различни дисциплини, кадарот на компанијата вклучува специјалисти со обемно искуство и експертиза во повеќе области - магистри и доктори по економија, статистика, инвестиции и промоција на трговијата, стандардизација и акредитација, бизнис-администрација, право, менаџмент, образование, социологија, агрономија, безбедност на храна, ветерина и заштита на растенијата, животна средина, информатичка технологија, водовод и канализација, архитектура, градежништво, машинство, електротехника и логистика.

Ваквиот пристап ѝ овозможува на компанијата да обезбеди персонал за секоја позиција во структурата на еден проект (тим-лидери и помошници на тим - лидерите, менаџери на канцеларии, локални и меѓународни експерти на краток и на подолг рок, виши соработници, итн.).