• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 5.000 A: 50 раб.ден B: 100% ENEL SpA (Италија) ENEL SpA (Италија) 01.08.2007 - 01.09.2007 БЕЗ ПАРТНЕР

АНАЛИЗА НА ЦЕНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА НАБАВКА И ИЗВЕДБА НА ГРАДЕЖНИ И ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧКИ РАБОТИ НА ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Учество на меѓународен тендер за концесија на реките „Црна река“ и „Мала река“ за изградба на хидроцентралите „Чебрен и Галиште“ и „Бошков мост“ според принципот дизајн, изградба, работење и трансфер.

Анализа на цени на македонскиот пазар за набавка и изведба на градежни и електромеханички работи на хидроелектрани.

Специфични цели

  1. Проценка, верификација и подготовка на извештај за моменталната состојба на цените на пазарот за градежни работи како што се наведени во спецификацијата приложена во проектните задачи.
  2. Проценка, верификација и подготовка на извештај за моменталната состојба на цените на пазарот за набавка и поставување на електромеханичка опрема како што е наведено во спецификацијата приложена во проектните задачи.

 

ВИД НА УСЛУГА

За имплементација на проектот беа ангажирани 2 експерти (градежен и електро инженер), кои направија комплетна анализа на цените на градежните работи и други градежни услуги, како и електромеханичка опрема за изградба на хидроцентрала во Македонија (јавно –приватно партнерство помеѓу ЕЛЕМ – производител на енергија и инвеститорот), и тоа за:

  • Површински работи
  • Подземни работи
  • Работна сила
  • Материјали
  • Турбина
  • Генератор
  • Блок трансформатор
  • MV Ормари
  • Надземен кран
  • AC нисконапонски систем
  • DC нисконапонски систем
  • Контролни системи
  • Заштитни контролни системи
  • Scada
  • Надземна преносна линија

Анализата на цени беше приложена по позиции и под- позиции во детали, согласно барањата на клиентот.