• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 150.000 A: 135 раб.ден B: 15% Европска тренинг фондација (ЕТФ) Европска комисија (ЕУ) 01.06.2007 - 01.12.2007 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

СРЕДСТВО ЗА ОДГОВОР НА БАРАЊАТА НА КОМИСИЈАТА – АНАЛИЗА И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЕКСПЕРТИЗА ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ВРАБОТУВАЊЕТО

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели:

Планот на ЕТФ за 2007 – 2010 содржи бројни цели кои треба да бидат постигнати, имено:

  • задоволување на информатичките и аналитичките потреби на Европската Тренинг Фондација  а во  корист на Европската комисија и нејзините служби како и на клучните засегнати страни и поединци од областа на развој на човечките ресурси во земјата;
  • надградба на капацитетот на релевантните засегнати страни и поединци во областа на развој на човечките ресурси
  • ефикасно и ефективно планирање на имплементацијата на ИПА помошта во областа на РЧР;
  • олеснување на размената на информации помеѓу донаторите.

Специфични цели на задачата:

Зголемување на известувањето со намера да се информираат локалните политики во полето на:

  • образовната политика притоа земајќи ги во предвид и политиката и приоритетите на ЕУ (вклучително и целите и насоките на ЕУ 2010 политиките, Копенхагеншките и Болоњските процеси) и образовните аспекти на интегрираните ЕУ насоки за раст и вработување;
  • придонесот на социјалните партнери кон политиките на вработување и програмирањето и имплементацијата на РЧР на ИПА

 

ВИД НА УСЛУГА

Севкупен преглед на применетите тековни политики и постапки и широк опсег на консултираните засегнати страни и организации вклучувајќи ги релевантните ИПА, Министерски и проектни работни групи. Подготвување и поднесување на извештајот за социјалните партнери до ЕТФ

  • Подготвување и поднесување на извештајот за образованието до ЕТФ
  • Конечни верзии на двата извештаи поднесени до ЕТФ.

Резултати:

Доставување на  два квалитетни извештаи на македонски и англиски јазик:

извештај зa образованието во два дела кои се однесуваат на

  1. Македонската образовна политика и приоритетите во светло на ЕУ 2010 политичките цели и насоки, Копенхагеншкиот/Хелсиншкиот процес во СОО и Болоњскиот процес во високото образование и
  2. образовните аспекти на интегрираните ЕУ насоки за раст и вработување.
  • Извештај за придонесот на Социјалните партнери кон политиките за вработувањето и РЧР.