• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Косово 130.000 A: 156 раб.ден B: 100 % Европска агенција за реконструкција, Министерство за внатрешни работи CARDS 10.09.2006 - 10.05.2007 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ПОМОШ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА КОСОВО

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Генерално, целите на проектот во кој спаѓа и овој е овој договор се воспоставување на функционално Министерство за внатрешни работи со подобрување на ресурсите кои ќе придонесат во извршувањето на нивните обврски.

Специфични цели

  1. Изработка на Физибилити студија со која ќе се дефинираат потребите од канцелариски простор на Министерството за внатрешни работи согласно бројот на вработени и внатрешната структура на министерството, како и моменталните можности за исполнување на тие потреби.
  2. Изработка на архитектонски план и тендерска документација за преферираната опција од Физибилити студијата, следејќи ја согласноста и одобрувањето од Европската агенција за реконструкција и Министерството за внатрешни работи.

 

ВИД НА УСЛУГА

Беше најмен еден меѓународен експерт кој со помош на локалните експерти ги имплементираше специфичните активности за изработка на Физибилити студија која ќе ги дефинира потребите за канцелариски простор на Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи и комплетен архитектонски план и тендерска документација за изградба на објектот.

Фаза 1

• Физибилити студија вклучувајќи ги и заклучоците и предлозите за канцелариски простор на Министерството за внатрешни работи, дефинирани во писмена форма со планови за катовите. Студијата содржи и препорака за технички  и финансиски најдобрата опција.

Фаза 2

• Архитектонски, структурни, електро и машински прегледи на сите постојни и предложени структури и сервиси, презентирани во форма на цртежи во CAD софтвер во размер 1:50 и сите димензии наведени. Овие цртежи ги содржат сите планови, кровни структури, напречен и надолжен пресек на сите релевантни делови на објектот како и пресек на главните скали, сите издигнувања и сите пишани описи на постојната состојба и услови.

• Дизајнираните предлози беа подготвени согласно барањата на ЕАР и одобрени од корисникот, со ѕидовите означени во следните бои:

  • Постојни ѕидови и столбови со сива
  • Ѕидови и столбови кои треба да се рушат со жолта
  • Нови ѕидови со црвена
  • Нови бетонски елементи со зелена
  • Преградни ѕидови од дрво или метал со жолта

• Техничка спецификација на сите материјали и изведба

• Тендерска документација која заедно со Техничката спецификација ќе овозможи објавување на проектот на тендер. Ова ги вклучува: предложените критериуми за следење на 
административните и технички критериуми, и нацрт на специфичните условиспоред прирачникот PRAG

• Целосен план за изведба на градежните работи

• Годишни пресметки за потребата од енергија со препораки за заштеда

• Предмер пресметка за предложените активност

- Предлог временска рамка за градежните работи