• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 2.200.000 1 Европска агенција за реконструкција, Министерство за економија, Агенција за промоција на претприемништво PHARE 01.06.2006 - 01.07.2006 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА II (МСП ПРОЕКТ II)- ВЛАДА И ПРИВАТЕН СЕКТОР

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општа цел на проектот е поддршка на економскиот пораст и подобрување на бизнис климата во земјата преку поддршка на развојот и работењето на МСП и поддршката на клучните економски сектори. 

Специфични цели

  • Подобрување на работната средина за МСП преку зајакнување на капацитетот на Министерството за економија, Агенцијата за промоција на претприемништво и постојната инфраструктура за поддршка на МСП во државата.
  • Придонесување кон развојот на МСП преку имплементација на постојните мерки и веќе осмислени проекти во склоп на проектот финансиран од ЕУ 04MAC01/02/001 „Развој на мали и средни претпријатија“ и развој на нови соодветни програми/интервенции, кои овозможуваат не-финансиски и финансиски услуги на МСП и клучните МСП сектори.
  • Помош во подобрување на дијалогот помеѓу Владата и бизнис секторот за политиките за развој на претпријатија и законите преку зајакнување на постојните и/или развој на нови механизми за трајна комуникација помеѓу јавниот и приватниот сектор.

Општа задача

Општа задача на овој проект е да се олесни инволвирањето на владата во секојдневните активности на МСП/занаетчиите.

Специфична задача

Специфична задача е: 1.идентификување на видовите инспекции и влијанието на МСП/занаетчии, 2.нагласување на проблемите со кои МСП/занаетчиите се соочуваат во однос на инспекциите и 3.изнаоѓање начини за намалување на административниот товар кој се создава со инспекциите на МСП/занаетчиите, земајќи го предвид најдоброто меѓународно искуство.

 

ВИД НА УСЛУГА

Резултати:

  1. идентификувани се видовите инспекции кои ги превземаат пазарниот, трудовиот, финансискиот противпожарниот, санитарниот и еколошкиот инспекторат,
  2. анализа на правните основи и јавниот интерес за таквите интервенции,
  3. преглед на избраниот пристап (на пр. Стандардни инспекции, ад-хок инспекции (на пр. Сомнение за прекршување), вкрстени инспекции,
  4. анализа на товарот кој е наметнат на МСП/занаетчиите во однос на инвестираното време и трошоци,
  5. превземените реформи во минатото ( на пр. Централен регистар, координација),
  6. дефинирање на перцепцијата на МСП презентирана од нивните претставници, во однос на нивната инволвираност и транспарентност на процедурите, и
  7. идентификувани решенија/алтернативни пристапи кои ќе го олеснат товарот на МСП/занаетчиите при хармонизирањето со најдобрите меѓународни искуства..

За добивање на овие резултати беа превземени следните активности: (i)преглед на постојните регулативи, (ii)во разговор со разни инспекторати, одреден е пристапот на инспекциите и координацијата помеѓу инспекторатите  (iii) во разговор со релевантните организации од приватниот сектор, идентификувана е перцепцијата на МСП/занаетчиите кон процесите на инспекција (iv) резултатите се сумирани и изработен е елаборат кој ќе се земе предвид за вклучување во владината програма за Развој на МСП 2007-2010 земајќи го предвид најдоброто меѓународно искуство.