• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 17.360 A: 184 раб.ден B: 100% УСАИД, Business Environment Activity, Booz Allen Hamilton (USA) USAID 10.03.2008 - 10.05.2008 БЕЗ ПАРТНЕР

ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА И АГЕНЦИИ ВО НИВНИТЕ ОБИДИ ДА ИЗНАЈМАТ КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Главни цели на втората фаза од оваа студија („Проценка на потребите“) се:

  1. Спроведување на детална анализа на моменталните набавки во владините регулаторни тела и агенции и проценка на потенцијалните консултантски можности;
  2. ГАП анализа која ќе ги акцентира предизвиците со кои избраните агенции се соочуваат во моментот со цел успешно имплементирање на релевантните закони, процедурални барања и програми за имплементација;
  3. Давање конкретни препораки на владините реулаторни тела и агенции со кои можат да се соочат со проблемите при работење и имплементација.
  4. Очекувањата се дека горенаведените активности ќе помогнат во воспоставувањето на конкурентна бизнис средина, ќе се зголеми регулаторната транспарентност, ќе се поттикнат консултанциите со клучните учесници и засегнати страни и ќе се подготви персоналот на МБЕА да му пристапат на пазарот на консултантски услуги на хонорарна основа за вршење приватни консултантски услуги.

Проценката на потребите ќе ги идентификува областите на можно инволвирање на персоналот на МБЕА, како и учеството на приватниот сектор и НВО во давањето консултантски услуги на владините регулаторни тела и агенции. 

Во Проценката на потребите ќе бидат вклучени следните агенции: Агенција за електронски комуникации. Енергетска регулаторна комисија, Фонд за магистрални и регионални патишта, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, МАПАС, Царинска управа, Биро за јавни набавки и Комисија за хартии од вредност.

 

 

ВИД НА УСЛУГА

За имплементација на проектот беа најмени 5 експерти (Тим лидер, правен експерт, двајца економисти и инженер за транспорт/инфраструктура) за да извршат детална анализа за Проценката на потребите кои поконкретно се однесуваат на следните планови:

  1. Основна анализа на моменталната пракса и предизвици во најмувањето консултантски услуги на целните агенции. Таквите анализи содржат детали за: 
    * буџетот за набавки и организационата структура агенциите;
    * тековни и планирани консултантски услуги; 
    * моментални потреби од најмување консултантски услуги; 
    * краткорочни и долгорочни стратешки планови за развој, и 
    * очекувани консултантски услуги во следните пет години, со или без донаторска помош.
  2. ГАП анализа која ја дефинира оптималната структура според која целните агенции ќе се согласат на набавка на суштински услуги релевантни за стручноста на кадарот на МБЕА. Таквите анализи акцентираа:  
    * проблематични делови во правната рамка, постапки за набавки и други меѓународни и надворешни фактори кои го ограничуваат моменталниот процес на набавки.  
    * чекорите кои ќе се преземат за да се постигне оптимално рамковно работење. 
    * Заеднички можности за спонзорирање помеѓу регулаторните тела и агенции и (i) Владата на РМ; (ii) донаторите; (iii) приватниот сектор.
  3. Анализата на конкурентите ги идентификуваше:
    *моменталните играчи (големина, профил итн.)
    * нивниот пристап
    * целни услуги кои ги нудат.