• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 171.220 A: 249 раб.ден B: 33.3 % Европска агенција за реконструкција, Министерство за локална самоуправа ИПА 2007 Компонента 1 10.06.2008 - 10.04.2009 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ПРЕКУ ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ОПШТИНСКИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Социјална и економска кохезија преку поддршка на локалната инфраструктура.

Специфични цели

Конкретната цел на оваа задача е да се креира приоритетна листа од најмалку 30 предлози за изводливи и одржливи проекти од локалната инфраструктура во области за кои главните надлежности се пренесени на општините од 1 јули 2005 година.  Особено:

  • Подготовка и спроведување на отворен повик за предлози од општините. Општините ќе бидат поканети да ги предложат нивните најприоритетни проекти во области за кои главните надлежности се пренесени на општините од 1 јули 2005 година: социјална помош и детска заштита, спорт и рекреација, здравствена заштита, образование, култура, противпожарна заштита и спасување, урбано планирање и градежништво, или нивна комбинација. Во основа секој проект треба да вклучува технички спецификации, предмер и нацрти како и проценка за влијанието врз животната средина и физибилити студија која меѓу другото ја зема во предвид техничката и финансиската изводливост на проектот (пр. капацитетот на општината да гарантира долгорочна способност за финансирање на трошоците за употреба и одржување)
  • Воспоставување на правилни критериуми за селекција на проекти кои се базираат на искуството од  КАРДС ПРОГРАМА 2002-2006 Програма за развој на локална инфраструктура. Утврдувањето на критериумите за селекција се прави преку блиска соработка со МЛС и Делегацијата на Европската комисија. При утврдувањето на критериумите за селекција и пакетот за апликација на општините во предвид се земаат релевантните социо-економски индикатори кои ќе остварат корист од проектите (како на пример бројот на корисници, полот, возраста, стапката на активност, стапката на вработеност, правична етничка застапеност...) како и меѓусебно поврзани прашања (вклучување на малцинствата, полова еднаквост и заштита на животна средина).Во предвид можат да се земат и искуствата на релевантни владини тела (како на пример Бирото за економски неразвиени подрачја кое е под закрила на МЛС) со други донаторски проекти.
  • Организирање информативни семинари за да на општините им го презентира на пакетот за апликација и им дава помош во идентификацијата и приоритизацијата на проекти, финансиската анализа, проценката на трошоците за управување и одржување преку предвидување на трошоците и стратегиите за наплата на истите.
  • Изработка на студија која содржи објективни индикатори и листа за одбележување за проценка на животната средина за секој проект која ќе се пополни за време на теренската проценка, како и по завршувањето на истиот. Теренските посети ги врши договорниот орган за да одлучи кои ќе бидат избраните проекти. Во склоп на овој договор, се очекува договорниот орган да ги дефинира индикаторите за успех „при оптимално работење“ на секој проект.
  • Учество во евалуацијата и селекцијата на поднесени предлози од општините. Најдобрите предлог проекти од приближно 30 општини се поднесени на одобрување пред УО и Европската комисија.

ВИД НА УСЛУГА

Консултантот ги изврши следните активности:

  • Анализа на искуствата од претходните повици за предлози од општините (за слични програми во рамките на КАРДС програмата) и препораки за подобрување на ефикасноста и одржливоста на  програмата
  • Подготвување на критериумите за подобност и селекција
  • Подготвување на пакетот за аплицирање на општините
  • Организира информативни семинари
  • Обезбеди експертиза и поддршка при евалуацијата на предлози за проекти од локалната инфраструктура и подготвува листа со најмалку 30 проекти (во вредност од 0.5 милиони евра секој)

Клучни резултати од оваа задача се:

  • Посебен извештај со опис на критериумите за подобност и селекција за проценка на општинските предлози
  • Извештај за проценка кој се состои од опис на изборниот процес, одлуките направени за сите поднесоци и предлози за приближно 30 проекти.
  • Финален извештај.