• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Македонија 191.736 A: 160 раб.ден B: 50% Европска агенција за реконструкција, Агенција за странски инвестиции, Министерство за инвестиции CARDS 10.09.2007 - 10.03.2008 ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ

ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ГЕНЕРИРАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Општи цели

Општа цел на проектот е да се зголеми бројот на директни странски инвестиции во државата со што ќе се генерираат нови вработувања, ќе се зголеми продуктивноста, ќе се увезат вештини и технологија, ќе се зголеми извозот, што пак ќе доведе до долгорочен економски развој на земјата.

Специфични цели

Подобрување на капацитетите на националните авторитети задолжени за привлекување странски инвестиции преку стекнување практични искуства за привлекување ДСИ, како и техники и вештини на преговарање.

ВИД НА УСЛУГА

За имплементација на проектот беше најмен еден експерт кој имаше улога и на Тим лидер во комплетирањето на следните активности:
Давање помош во надградбата на институциите, капацитетите, обука и давање совети за секојдневно ефикасно работење и продолжување на развојната програма за вработените во Инвест Македонија. Продолжувањето на развојната програма беше поврзано со следните теми/компоненти: 

  • Разбирање на меѓународните инвестиции и проекти, како и донесувањето одлуки на инвеститорите;
  • Принципи на насочување на инвестициите;
  • Идентификување на целните сектори и фирми и како да се изберат и да им се пристапи на потенцијалните инвеститори;
  • Употреба и развој на секторските истражувања;
  • Регионална соработка во процесот на насочување на инвестиции;
  • SWOT анализа при насочување на инвестициите и поставување стандарди;
  • Вовед во комуникација со инвеститори, принципи на комуникација со инвеститори и градење на имиџ;
  • Употреба на интернет, системи на пребарување и алатки за истражување;
  • Употреба на промотивни алатки за привлекување инвестиции;
  • Грижа и набљудување на инвеститорите по инвестирањето, итн.

Давање насоки и поддршка на вработените и раководниот кадар на Инвест Македонија во имплементацијата на Националната стратегија за промоција на инвестиции и Годишниот оперативен план на агенцијата; Давање совети на Координативното тело за инвестиции и Инвест Македонија за подобрување на капацитетите за привлекување ДСИ и воспоставување редовен дијалог за ДСИ со бизнис заедницата; Воедно, и други државни тела одговорни за привлекување ДСИ исто така имаа корист од овие услуги.