• ++389.2.3215353; ++389.2.3215354
  • contact@gpm.com.mk
  • EN / MK

Име на правен субјект Земја Вкупна вредност на проектот (ЕУР) Број на персонал Име на клиент Извор на финансирање Датум (почеток/ крај) Име на партнери доколку има
ГПМ Консалтинг Р. Македонија 150.810 ЕУР 4 АД „Електрани на Македонија“ Светска Банка 01.03.2013 - 31.12.2019 Достапни на барање

Општи цели
Целта на овој проект е да се продолжи работата на недовршената студија за Оценка на влијание на животна средина и Проценка на општественото (социјалното) влијание на проектот, и да изработи кохерентни, сеопфатни и целосни документи вклучувајќи и инструменти за управување за фазата на имплементација (план за управување со животната  средина – ПУЖС и (доколку може да се примени) акционен план за преселување – RAP, или  рамковна политика за преселба –RPF)

Специфични цели
• Детална оценка на влијанијата врз природните живеалишта

• За да се провери постоење на начини за намалување на влијаниајата врз паркот сериозно треба да се разгледа анализата на алтернативни решенија

• Правни аспекти за да се осигура сообразност на проектот со правната рамка за управување со паркови и природни живеалишта

• Поради можниот пристап во две фази на проектот и работата, Процесот на  оценка на животната средина исто така ќе мора да се адаптира на пристап во фази.

• Влијанијата од проектот лесно ќе се идентификуваат и опишат и ПУЖС треба да стави силен  акцент на управувањето со животната средина и проектот за пријателски технички  решенија на животната средина.

• ОВЖС а посебно ПУЖС треба внимателно и детално да го испита влијанието на техничките опции во процесот на изградба.

• ОВЖС треба да содржи одредби за план за управување со ФКР (физичките и културни ресурси), врз основа на подготвителна студија и под консултација со релевантните македонски органи и ако е назначено, истражување за испитувањето на локацијата со цел да се осигура дека главните проблеми се  откриени и навремено решени.  Дополнително, ОВЖС ќе послужи како главен влезен податок за добивање дозвола за проектот од надлежни регулаторни органи на Македонија и оценка на животната средина од страна на Светска Банка за одлука за финансирање.


Консултантот за првата фаза ќе (подготвителни работи и испитувања) направи детален ПУЖС (План за управување со животната средина) кој ќе се фокусира на детална анализа на животната средина и малото влијание на градежните методи при изградбата на пристапните и помошни патишта, на концептот за отстранување и повторна употреба на местата за оставање отпад, на идентификација на соодветни области за одлагање и управување со животната средина при истражните работи (на пример дупчење).

ПУЖС за втората фаза (главни градежни работи плус постапки) ќе претставува  детална рамка  за управување со животната средина (РУЖС) и ќе ја опфати изградбата на браната и поставувањето на доводниот систем за вода како и идните оперативни  параметри на објектот.

Ова ќе биде клучен предизвик за Консултантот за животна  средина и да обезбеди блиска соработка со Проектантот, МЖСПП и надлежните од  Националниот Парк.

Во рамките на пошроките цели за управување со паркот  и неговата намена треба да бидат превземени мерки за ублажување на очекуваните влијанија.

Условите и стандардите за градежните активности кои се воведени поради  правниот заштитен статус на проектната област како Национален Парк треба да бидат испитани и точно опишани. Опфатот и квалитетот на резултатите од работата на консултантот треба да бидат прифатливи за Светската Банка и Македонските регулаторни тела.